Магазин 01. март 2020. / 16:38

Натпреварот со Косово може да биде одложен поради корона вирусот: УЕФА ќе одлучува во вторник

Натпреварот со Косово може да биде одложен поради корона вирусот: УЕФА ќе одлучува во вторник

Мечот помеѓу Македонија и Косово од Лигата на нации може да биде одложен поради состојбата со корона вирусот во Европа. УЕФА се уште нема одлука а многу појасно ќе биде задутре кога ќе се одржи состанок во Нион.

Мечевите од Лигата на нации се закажани за 26 март и иако се одложат би можеле да се одржат во средината на април. Меѓутоа проблем е згуснатиот распоред поради натпреварите од  Лигата на шампионите и Лигата на Европа како домашните првенства кои треба да завршат порано поради Европското првество кое е во јуни.

Постојано сме во контакт со владите на земјите во кои има регистирано случаи на корона вирус. Ќе разговарамр и со претседателите на националните сојузи ќе ја донесеме одлуката. Здравјето е приоритет и тоа е пред спорот – велат во УЕФА.