Магазин 25. декември 2019. / 10:13

Најстудено со минус 2 во Маврово, најтопло во Дојран и Гевгелија 8 степени

Најстудено со минус 2 во Маврово, најтопло во Дојран и Гевгелија 8 степени

Утрово во земјава најстудено било во Маврово, Лазарополе и Крушево каде се измерени минус 2 степени целзиусови, а најтопло во Дојран и Гевгелија со измерени 8 степени целзиусови. За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време, во западните и јужните делови со сончеви периоди.

Во северните и североисточните делови претежно на планините и на повисоките места ќе има услови за слаб снег.

Ќе дува умерен, а на југоистокот, повремено засилен северозападен ветер.