Магазин 05. март 2021. / 10:59

Најскапиот филм во историјата на „Netflix„ – „The Gray Man“

Најскапиот филм во историјата на „Netflix„ –  „The Gray Man“

Од „Netflix“ го најавија еден од најголемите прокети досега, во соработка со режисерите на „Avengers: Infinity War“ и „Endgame“.

Филмот „The Gray Man“, ќе биде шпионски трилер во кој ќе се појават Рајан Гослинг, Крис Еванс, Ана де Армас, Били Боб Торнтон, Алфре Вудард, Џесика Хенвик и Џулија Батерс. На холивудската екипа ќе им се приклучи и ѕвездата од хит серијата „Bridgerton“ Реге-Жан Пејџ.

Снимањето на филмот е предвидено да започне во март и се очекува да биде најскапиот во историјата на оваа платформа.

Филмот ќе биде адаптација на книгите на Марк Грини и е предвидено да чини повеќе од 200 милиони американски долари, со што го прави најскапиот „влог“ што „Netflix“ некогаш го има вложено во филм.