Магазин 21. јануари 2019. / 16:34

Најплатен тренер во светот, Симеоне потпиша до 2021 година!

Ниту самиот Диего Симеоне не можеше да претпостави дека ќе издржи една цела деценија во шпанскиот главен град…

„АС” објави дека потпишал нов договор со Атлетико Мадрид, па наместо до 2020, како што беше предвидено според досегашните документи, на стадионот „Ванда Метрополитано” ќе остане 12 месеци подолго.

„Јорганџиите” ќе се обидат повторно да доминираат во „Ла Лига”, на табелата имаат пет бодови помалку од Барселона.

Аргентинскиот стратег заработува 22 милиони евра, а со новиот договор ќе добие зголемување кое ќе го направи „светски рекордер” кога се во прашање платите на тренерите.

Моментно најплатен стратег на планетата е Марчело Липи, селекторот на Кина инкасира 23 милиони евра годишно, но Италијанецот најави дека после завршувањето на Азискиот куп ќе се повлече од функцијата, па популарниот „Чоло” ќе избие на првото место и биде рекордер.