Магазин 17. ноември 2019. / 23:45

Најк создаде специјална серија на маратонки за медицински сестри

Најк создаде специјална серија на маратонки за медицински сестри

Нова серија на  маратонки на Најк не е наменета за кошаркари или други спортисти.  Таа е направена  специјално за медицински сестри и целиот болнички персонал, соопшти Си-Ен-Ен.

“Nike Air Zoom Pulse“ е обувка дизајнирана за луѓе кои се вработени во медицинската професија. Компанијата во официјалното соопштение соопшти дека оваа  колекција е создадена за „херои на сите времиња“.

За да се направат најсоодветни обувки за ваков вид професија, компанијата ја посети детската болница ОХСУ Доернбехер во Портланд, Орегон за да се запознае внимателно со медицинската професија. При дизајнирање на новата серија на маратонки, експертите на Најк ги зедоа предвид долгите часови поминати од медицинскиот персонал.

Чевлите имаат  еластична лента, која што  помага  маратонката да се облекува  со едната рака и да се држи петицата многу стабилна. Покрај тоа, таа има целосна гумена надворешна страна што обезбедува влечење дури и на влажни подови.