Денес и утре во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на град и засилен ветер.
Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса в среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2) во форма на невреме со појава на град и силен ветер.
Заради северниот ветер ќе има пад на температурите за 6-8 степени.