Познатиот тенисер Рафаел Надал утре на Мајорка ќе ја ожени својата долгогодишна девојка, Марија Франциска Перељо, која шпанските медиуми ја нарекуваат и Чиска.
На раскошната венчавка на Надал и неговата љубов од детството со која е веќе 14 години во врска, ќе присуствуваат повеќе од 500 гости, пренесуваат шпанските медиуми.
Авио службата соопштила дека нема да биде дозволено никакво летање над Ла Форталеза утре. Нема да биде дозволено користење на мобилните телефони. Доколку некој проба да снима, тогаш ќе биде казнет со 30.000 евра до 50.000 евра.
За менито ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кики Дакоста, а како што се наведува, Рафа на својата венчавка ќе ужива во посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од останатите гости за кои е планирано традиционално шпанско мени на база на месо и риба.