Магазин 20. јануари 2021. / 16:10

Надал по 12 години ќе игра на турнирот во Ротердам

Надал по 12 години ќе игра на турнирот во Ротердам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, моментно е ов Аделаида заедно со уште неколку врвни тенисери каде интензивно се подговува за настап на првиот грен слем турнир сезонава – Австралија опен.

За време на подготовките во карантински услови, Надал повлече несекојдневен потег. Вториот тенисер во светот одлучи по завршување на првиот грен слем турнир да настапи на турнирот во Ротердам. Шпанецот ќе се натпреварува на овој турнир по пауза од 12 – години.

Со оваа одлука тој им се придружи на Данил Медеведев, Андреј Рубљев, Гаел Монфилс, Роберо Баутиста Агут, Стан Вавринка, Давид Гофан. Надал вторпат ќе се обиде да стигне до титлуата на оваа подлога, откако пред дванесет години стигна до финалето во кое беше поразен од Енди Мареј со 6:3, 4:6, 6:0.