Магазин 11. март 2021. / 09:21

Надал го откажа учеството на турнирот во Дубаи

Надал го откажа учеството на турнирот во Дубаи

Вториот рекет на светскиот, Шпанец Рафаел Надал одби да учествува на турнирот во Дубаи, ОАЕ чиј награден фонд е скоро 1,9 милиони долари.

Турнирот ќе се игра од 15 до 21 март. Надал доби вајлд-карта од организаторите на турнирот.

– Би сакал да им се заблагодарам на организаторите на турнирот во Дубаи што ми дадоа вајлд-карта. Ние сериозно размислувавме за доаѓање и настап, но не сум сигурен дали сум подготвен да играм сега. Уште еднаш благодарам за љубезната покана, напиша Надал на Твитер.

За потсетување, Надал се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен 2021, а потоа се повлече од турнирот во Ротердам поради проблеми со грбот.