Магазин 14. јуни 2020. / 11:45

На три дена до враќањето на Премиер лигата двајца фудбалери позитивни на корона вирусот

На три дена до враќањето на Премиер лигата двајца фудбалери позитивни на корона вирусот

Осмата рунда тестирање на фудбалери и вработени во клубовите од англиската Премиер лига покажаа два нови позитивни тестови.

Премиер лигата објавува дека 1.200 фудбалери и вработени поминале тестови за Ковид-19 на 11 и 12 јуни. Има два позитивни резултати, а заразените се во различни клубови – се вели во изјавата од Лигата.

Абглиските медиуми објавуват дека еден од заразените е фудбалер на Норич, но неговото име не е соопштено.

Играчот за кој станува збор е во карантин. Тој ќе биде тестиран повторно за една недела и доколку даде негативен тест, ќе може да се врати во тимот.

Во среда продолжуваат натпреварите во Англија со дуелите Астон Вила – Шефилд Јунајтед и Манчестер Сити – Арсенал.