Магазин 27. март 2020. / 11:33

На светицата се молат против епидемијата: Еве каде се наоѓаат моштите на Свети Корона!

На светицата се молат против епидемијата: Еве каде се наоѓаат моштите на Свети Корона!

Германската катедрала во Ахен конечно реши да ги покаже моштите на малку познатата Свети Корона, светица, која помага во борбата против епидемијата.

Пандемијата, за која е потврдено дека заразила повеќе од половина милион луѓе ширум светот, вклучувајќи повеќе од 30 000 во Германија, го зголемил интересот на јавноста за христијанско маченичка, за која  се верува дека е убиена  од Римјаните пред околу 1.800 години.

Катедралата, исто така, планираше, пред избувнувањето на коронавирусот, да ги прикаже моштите на Светата корона,  ова лето како дел од изложба. Сега не е јасно кога луѓето сега ќе можат да ги видат заради строгите ограничувања за собирање што се воведени за да помогнат во борбата против ширењето на вирусот.

“Го подготвивме  храмот малку порано од планираното и сега очекуваме поголем интерес заради вирусот“, рече портпаролката на катедралата во Ахен, Даниела Ловениќ.

Се верува дека Корона  била само околу 16 години кога Римјаните ја убиле, најверојатно во Сирија, затоа што ја признала христијанската вера. Според легендата, девојчето претрпело особено мачна смрт. Таа била врзана за две свиткани палми, а потоа  растегната.

„Тоа е многу страшна приказна и затоа  таа стана  заштитничка на дрвосечачите, но и заштитник на отпор против епидемнија “, рече Брижит Фолк, шеф на кабинетот на благајник во Ахен. 

Нејзините мошти се донесени во Ахен од кралот Ото III во 997 година. Додека катедралата потенцира дека Корона е заштитник на отпорот на сите епидемии, вирусот е именуван затоа што под микроскопот изгледа како глобус со мали глобуси, како круна, рече Фолк. На латински, корона значи круна или венец.

„Како и многу други светци, Светата Корона може да биде извор на надеж во овие тешки времиња“, рече Фолк.