Магазин 26. јули 2020. / 17:50

На Италија и се заканува нов бран на Ковид-19, многу порано од очекуваното

На Италија и се заканува нов бран на Ковид-19, многу порано од очекуваното

Италија би можела да се соочи со нов бран на пандемијата „Ковид 19“ уште во август, а не како што беше најавено во септември или октомври, предупредува професорот Андреа Крисантини, микробиолог на Универзитетот во Падова.

Тој е креатор на успешниот модел на ограничување на ширењето на коронавирусот, т.н. „модел Венето“, кој се состоеше од масовно тестирање на граѓаните, благодарение на што северниот регион на Италија забележа релативно мал број заразени и мртви од ковид-19, во споредба со соседните провинции.

Професорот Крисантини вели дека е невообичаено што релативно мал број заразени лица сега се евидентирани во Италија, додека ситуацијата во сите соседни земји е поинаква и бројот на заразени лица расте.

“Не би сакал да ширам песимизам, но имам некои дилеми. Можеби сме најдобри, но исто така е можно дека не ги тестираме сите што треба”, предупредува професорот Крисантини.

Тој препорачува масовно тестирање како превенција.

„Масовното тестирање сигурно чини пари, но потценувањето на ризикот од повторно ширење на инфекцијата би можело да нè чини многу повеќе, како финансиски, така и во човечки животи“, предупредува професорот Андреа Крисантини.