Магазин 23. февруари 2020. / 16:45

На европското првенство во карате во Баку, Неделковски ќе ги брани боите на Македонија

На европското првенство во карате во Баку, Неделковски ќе ги брани боите на Македонија

На европското сениорско карате првентство кое што ќе се одржи во Баку, Азербејџан од 25-29 март како дебитант ќе настапи нашиот најдобар катас, Александар Неделковски од „КК Металург“.

Инаку, Неделковски се уште е Јуниор, а ова европско првенство ќе дебитира во сениорската категорија.

Неделковски, за престојното првенство моментално се подготвува во својот матичен клуб „КК Металург“, заедно со својот тренер Мирче Јанушевски, а останатиот дел од подготовките ќе ги спремаат со селекторот Стојан Андриевски, кој што ќе го води нашиот млад натпреварувач на ова европско првенство.

На нашата карате репрезентација им посакуваме среќа во Баку, Азербејџан, како и спортска среќа со добара ждрепка.