Магазин 18. ноември 2020. / 22:32

На денешен ден е роден Крсте Петков Мисирков

На денешен ден е роден Крсте Петков Мисирков

На денешен ден 1874 година во Постол, Егејска Македонија е роден Крсте Петков Мисирков, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис.

Мисирков е македонски филолог, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво.

Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.