Магазин 22. мај 2020. / 10:05

На аеродромите без испраќање и пречекување

На аеродромите без испраќање и пречекување

Задолжително носење заштитни маски на аеродромите и во авионите и од страна на патниците, и од страна на екипажите, е една од препораките на Европската агенција за авиобезбедност. Европскиот регулатор забранува во аеродромските сали да има испраќање и пречекување на патниците.

Исто така, Агенцијата препорачува секој патник да има декларација за здравствениот статус, односно дека нема Ковид-19, што ќе треба да ја приложи ден пред полетувањето.

Во авионите, пак, ќе мора да се воведе организација со која ќе се избегнат редици за во тоалетите. Комуникацијата меѓу патниците и екипажот мора да се ограничи, а во случај да се дели храна, таа мора да биде пакувана.

На аеродромите ќе има монтирани препарати за дезинфекција. Патниците ќе треба да ја почитуваат социјалната дистанца при чекирањето, проверката на багажот и качувањето во авионот.