Магазин 27. август 2020. / 13:51

На 3 септември почнува новата сезона на Филхармонија

На 3 септември почнува новата сезона на Филхармонија

По пауза од неколку месеци, Филхармонија ќе започне со реализација на своите концерти.

Првиот концерт со кој се отвора новата сезона 2020-2021 е на 3 септември, в четврток со почеток во 20 часот. На програмата е ремек-делото за два гласа и оркестар „Песни за земјата“ од Густав Малер. Диригент е Габриел Бебешелеа (Романија), а солисти се Корби Велч – тенор (САД) и Хеике Веселс – мецосопран (Германија). Концертот ќе се одвива според протоколите одобрени од Комисијата за заразни болести, а билетите ќе се продаваат во ограничен број онлајн на веб страната на Филхармонија. Билетите ќе се продаваат по цена од 800 денари, соопштуваат оттаму.

За да се испочитуваат протоколите, капацитетот на салата ќе биде искористен само 30 отсто, публиката ќе седи на дистанца, а ќе се продаваат само парните редови во салата. Музичарите кои ќе свират истотака ќе бидат распоредени согласно параметрите кои ги налага Комисијата за заразни болести.

Повеќе информации околу програмата, околу протоколите според кои ќе се одвиваат концертите и другите новини врзани со престојната сезона на Филхармонија најавуваат дека ќе ги соопштат на прес конференција.