Познат е датумот на централната прослава на јубилејот – 1000 години од формирањето на македонското древно светлиште Бигорски манастир „Свети Јован Крстител“. На заседение на МПЦ-ОА македонските владици одлучија централната прослава да биде на 18 октомври.
На Синодската седница покрај разгледувањето на прашања од тековниот живот на Македонската православна црква – Охридска архиепскопија, по предлог на митрополитот дебарско – кичевски г.Тимотеј, архриереите го одредија 18 октомвмри 2020 година како ден за соборна православа на големиот јублеј на Бигорскиот манастир и на МПЦ-ОА воопшто -1000 години од неговото основање. Освен централната прослава на 18 октомври предвдени се и други манифестации по повод илјадагодишнината за кои јавноста дополнително ќе биде запозната.
Датумот 18 октомвеи како ден за прославата на јублејот претходно беше договорен на средбата на митрополитот дебарско – кичевски г. Тимотеј и игуменот на манастирот архимандрит Партениј, со дел од братството и сестринството.
Покровител на прославата ќе биде претседателот Стево Пендаровски, која ја прифати поканата од страна на игуменот Партениј да биде покровител.
Бигорскиот манастир, кој е бастион на македонското монаштво, на автентичната словенска култура, јазик, творештво, архитектура и традиција, оваа година го слави својот милениумски континуитет. Основан во 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин. Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован, за кого самиот Господ Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него.