Магазин 05. февруари 2019. / 13:42

Мурињо се спогоди и прифати едногодишна затворска казна за затајување на данок

Мурињо се спогоди и прифати едногодишна затворска казна за затајување на данок

Жозе Мурињо се спогоди со шпанското обвинителство и прифати едногодишна затворска казна за затајување на данок. Како што наведува „Ел паиз“, Мурињо денеска ја прифати казната, но наместо да оди во затвор, ќе плати два милиона евра.

Според весникот, се работи за две различни казни од по шест месеци за две различни тужби, за времето кога Португалецот го водеше Реал Мадрид и живееше во Шпанија од 2010 до 2013 година.