Мурињо е познат по тоа што секогаш предизвикува скандали и ексцентрични испади и го привлекува вниманието на фудбалскиот теренен и околу него, а овојпат е во центар на внимание со новиот изглед.
Тој си ја избричи главата и неговиот нов имиџ стана вистински хит на социјалните мрежи, а многу од фановите го споредија неговиот изглед со тој на Гвардиола.
Mourinho queriendo parecerse a Guardiola ?? pic.twitter.com/n96RTgk5O5
— CRUYFFISMO (@1899Gallego) February 8, 2020
Ова не е прв пат Мурињо да се одлучи на ваков потег. Додека беше тренер на Челси во 2013 година, ја зема машинката за потстрижување од Фернандо Торес и си ја скрати косата.