Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес го реизбра Мухамед Сејдини на претседателската функција.
Македонската Куќа на фудбалот му даде доверба на човекот кој го наследи Илчо Ѓорѓиевски пред две години. Овој избор не е неочекуван, со оглед на тоа што актуелниот претседател беше единствен кандидат за позицијата.
Сејдини е петти претседател во историјата на ФФМ. Претходно водечки луѓе беа Љубисав Иванов, Харалампије Хаџи-Ристески, Ламбе Арнаудов и Илчо Ѓорѓиоски.
Новиот избор е за четири години, кога ќе истече вториот мандат на претседателот на фудбалската федерација.