Магазин 17. март 2019. / 11:56

Муамед Сејдини избран за претседател на ФФМ

Муамед Сејдини избран за претседател на ФФМ

Единствениот кандидат за избор на нов претседател на ФФМ Муамед Сејдини ја доби довербата на делегатите на собраниската седница во Охрид и е новиот 5-ти претседател на фудбалската федерација, функција која ќе ја извршува до 2021 година како дополнение на претходниот мандат на Илчо Ѓорѓиоски кој даде оставка на функцијата во 2017 година.

Од присутните 90 делегати 82-ца делегати гласаа за Сејдини додека еден беше воздржан.

– Најнапред да ја искажам мојата благодарност за укажаната чест. Голема е честа да се биде претседател на ФФМ и да се бориме за македонскиот фудбал. Во името на ФФМ да ви се заблагодарам на соработката но и да ви укажам на новите предизвици кои треба да ги исполниме. Во професионалната активност ќе работиме на јакнење на меѓусебното почитување. Да ја зголемиме хуманоста и масовноста во фудбалот и да создаваме услови за нашето фудбалско живеење. Со нова инфраструктура мак-фудбалот ќе има подобри денови. Се ова ќе го работиме со многу труд а за тоа се потребни луѓе кои се подготвени на предизвици.

Бидете сигурни дека со сите капацитети ќе ги исполниме сите планови на ФФМ.

Им благодарам на ФИФА и УЕФА кои се дел од нашето работење и ќе бидеме горди на нови проекти.

Ве повикувам сите чесно и одговорно да продолжиме за развој на фудбалот во нашата држава. – истакна во говорот новиот претседател Муамед Сејдини.