Еден од хероите на Македонија во стартната победа на Светското првенство против Јапонија, Стојанче Стоилов се чини е под ембарго кога станува збор за Вториот канал на Македонската телевизија.
Станува збор за уредникот на спортската редакција на албански јазик во МТВ, Мустафа Адеми, кој коментирајќи ги случувањата од Минхен во ниту еден момент не го изговорил името на капитенот на Вардар туку кога тој бил во центарот на вниманието за него го користел терминот „играчот со број пет“. Според медиумите кои излегуваат на албански јазик, причина за ваквиот скандалозен однос е реакцијата на Стоилов на неодамнешниот избор на „Спортист на годината“ од страна на Агенцијата за млади и спорт, кога реши предвреме да си замине поради нејзиниот двојазичен каркатер.
На МТВ 2 коментаторот во 60 минути ниту еднаш не го спомена името на Стојанче Стоилов. При секој контакт со топката и секој гол на Стоилов тој коментираше: „Ракометарот со број 5“. Истото се случи и при доделувањето на наградата за МВП.
ФОТО/ВИДЕО: Инфоспорт.мк