Магазин 08. мај 2020. / 19:45

Мото ГП се враќа на календарот на крајот на јули со две кола во Херез

Мото ГП се враќа на календарот на крајот на јули со две кола во Херез

Раководството на Мото ГП, заедно со регионалната власт на Андалузија и градскиот совет на Херез, ќе направат предлог до шпанските власти да ја почнат сезоната 2020 година со две трки на патеката во Херез. На оваа патека може да се возат две кола од светскиот шампионат на крајот на јули.

Првиот натпревар ќе биде закажан за викенд помеѓу 17 и 19 јули и ќе биде отворен за сите класи. По оваа прва трка, мотоциклистите ќе останат во нивните хотели до неделата потоа, кога ќе се одржи второто коло.

Плановите беа усвоени за време на состанокот помеѓу властите на Андалузија, градоначалникот на Херез и долгогодишниот извршен директор на „Дорна“, промотор на трката, Кармело Еспелета.

Сепак, почетокот на сезоната во Мото ГП продолжува да зависи од мерките на безбедност во Шпанија, кои во последните две недели постепено се намалуваат.