Луѓето кои дома чуваат миленици реагираат дека имаат реален проблем за кој се уште нема решение и нема каде да се обратат. Станува збор за шетање на милениците за време на полицискот час.
Тие бараат да се најде решение за проблемот за да можат нивните миленици да ги извршат основните физиолошки потреби, но и да ги извршат редовните и со закон пропишани посети на ветеринар.
Ја пренесуваме нивната реакција:
„На ниво на Македонија има скоро 80.000 регистрирани миленици до денеска!
-за оние кои немаат дворови
-за оние кои ги чуваат во стан
-за оние кои немаат тераси
– за сопружници над 67 години на кои нема кој друг да им го прошета миленикот
– 10-20 минути
– пред зграда, на 200 метри раздалеченост
-со маска и ракавици на себе при излегувањето од дома
Збориме за ФИЗИОЛОШКА ПОТРЕБА, а не за шеткарање!
Нема начин возрасно куче да го натераш да врши нужда дома ако цел живот знае тоа да го прави надвор!
Само ќе задржува во себе и тоа е болно и нехумано!
Не можеш сам надвор додека шеташ, без контакт со други луѓе, со маска и ракавици со кучето, да се заразиш, поверојатно е ТИ да ја заразиш постарата комшика на која ќе и го носиш кучето на шетање при примопредавање затоа што она не смее.
Збориме за 13 часа држење на токсини, мокрача и измет во себе на милениците преку викенд, а тоа правило важи за сите.
Збориме за 18 часа држење на токсини, мокрача и измет во себе на милениците, за оние лица кои поседуваат миленик и се над 67 год.
Друга работа, има миленици кои примаат терапија на ветеринар и сопствениците мора да ги носат истите таму ако е потребно да примаат терапија и навечер.
Ова веќе е дозволено во скоро сите земји кои се соочуваат со корона!
Италија, Шпанија, Грција, Словенија, Кина и останатите веќе го имаат регулирано ова!
Мора да има отстапки.
Напоменувам, збориме за извршување на физиолошка ПОТРЕБА и ВЕТЕРИНАРНА АСИСТЕНЦИЈА !
Не зборуваме за шлаење навака натака!
Јована Трајковска“