Европа би можела да брои 151.680 смртни случаи од корона вирусот за време на првиот бран на заразата, предвидува модел создаден од истражувачите од Универзитетот во Вашингтон.
Најголемиот број од овие смртни случаи ќе има во Велика Британија, каде истражувачите процениле дека дури 66.000 луѓе би умреле од Ковид-19. Во Италија, почетниот епицентар на епидемијата во Европа, смртните случаи би можеле да достигнат 20.000, според предвидувањата објавени во вторникот.
Истражувачите предвидуваат дека Велика Британија пикот на инфицирани ќе го доживее околу 17-ти април, додека Германците можат да очекуваат најголем број смртни случаи на 19 април.