Од 2043 најбогати луѓе на светот според листата на Форбс, само 227 се жени, кои заедно поседуваат 852,8 милијарди долари.
Повеќето од најбогатите жени на светот своите пари ги наследиле, но некои од нив со својата работа и труд успеале да дојдат до вртоглаво богатство.
Кога станува збор за најбогатите жени, не е во прашање само пејачи, актерки, манекенки, туку способни жени кои успеале да се изборат со потешкотиите и со напор, работа и труд да создадат милијарди.
Сепак некои од нив се и наследнички на богатството на своите мажи или членови на семејството.
Французинката Лилијан Бетенкорт е најбогатата жена со богатство од 39,5 милијарди долари. Нејзиното богатство е за 3,4 милијарди долари поголемо од минатата година. Бетенкорт поседува третина од козметичката куќа „Л’Ореал“ со своите деца. Нејзиниот татко Ежен Шилер ја основа компанијата во 1907 година.