Магазин 23. јули 2020. / 09:18

Многу топло време со УВ-индекс девет

Многу топло време со УВ-индекс девет

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи од 12 до 21, а дневната ќе биде од 29 до 37 степени Целзиусови.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.  Утринската температура се спушти до 17, а дневната ќе достигне 35 степени Целзиусови.

Утре и в сабота во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни. Во почетокот на наредната седмица се очекува сончево и многу топло време.