Фудбалските клубови и школи кои работат со млади категории и тренерите откако како стапија во сила мерките на владата во врска со пандемијата Ковид-19, имаат забрана за вршење на нашата дејност односно спортски тренинзи.
Тие реагираат дека постои опасност тренерите да останат без работа и без финансиски средства за егзистенција.
Затоа бараат средба со наделжните.
– Со цел решавање на настанатата ситуација без наша вина и изнаоѓање решение, бараме итен состанок ( може и линковски ) на нашите претставници и претставниците на ФФМ и Агенција за млади и спорт. Напоменуваме дека работата со деца во фудбалот и воопшто во спортот е многу хумана и благородна работа, но воедно и многу одговорна, тешка и слабо платена во нормални услови. Исто така ве известуваме дека секој од нас писмено и електронски веќе има доставено барања до
двете институции. Имаме конкретни предлози и критериуми и се надеваме дека ФФМ И Агенцијата за млади и спорт ќе го уважи нашето барање за состанок. Ја поздравуваме македонската фудбалска и спортска јавност, со надеж дека што поскоро ќе се затркала топката на фудбалските терени – се наведува во нивната реакција.