Магазин 18. мај 2020. / 10:09

Млади стоматолози од Гевгелија одржаа концерт за поддршка на нивните колеги доктори

Млади стоматолози од Гевгелија одржаа концерт за поддршка на нивните колеги доктори

Двајцата млади стоматолози Александар Петковски и Томе Каркалашев од Гевгелија одржаа акустичен концерт како поддршка за нивните колеги доктори.

Со своите гитари и листа од македонска музика, тие во саботата во текот на полицискиот час им приредија едночасовно уживање на гевгеличан под отворено небо.

Стиховите „Чукни во дрво, вистина е, надвор е пролет, живи сме“ е метафорична порака со која сакаме да изразиме поддршка и благодарност до нашите колеги доктори кои во моментот се во првите борбени редови против коронавирусот – велат двајцата млади стоматолизи.

Александар се надева дека пораката што ја испратиле до јавноста, ќе бид еприфатена од сите.

Можеби ноќните излегувањата се уште не се дозволени, а не знаеме ни кога ќе се врати животот во нормала, но затоа знаеме дека гелгеличани уживаа на своите балкони – вели Александар.

Нивното дуо е познато како „ChillOut“.