Младата репрезентација на Македнија до 21 година денеска против Црна Гора го игра последниот натпревар во квалификациите за ЕП, но без шанси за пласман на континенталниот собир.
Влогот за кој денеска избраниците на селеторот Благоја Милевски играат е заверка на второто место во групата, но останаа без повторување на големиот успех од пред три години кога репрезентацијата до 21 година предводена токму од Милевски играше на Европското првенство.
Македонија е последна на провизорната табела на второпласираните репрезентации од која првите пет селекции обезбедуваат пласман на ЕП, а младите фудбалери имаат „негатива“ од четири бода во одност на петтопласираната Романија.
Селекторот Благоја Милевски има многу проблеми со составување на најдобриот тим и денеска против Црна Гора ќе игра и без Дарко Чурлинов кој се врати во Германија на барање на Штутгарт.
Натпреварот ќе се игра од 13:30 часот на теренот на ФФМ „Петар Милошевски“.