Магазин 19. јануари 2021. / 14:08

Митревски: На следните три натпревари нема што да загубиме

Митревски: На следните три натпревари нема што да загубиме

Првиот избор за голот на Македонија на ова Светско првенство е Никола Митревски, кој вчера против Чиле покажа дека ја заслужува сета доверба, а собра голем број на интервенции.

Митревски бранеше најдобро кога беше најпотребно и стигна до двоцифрен број на одбрани, а на моменти го имаше затворено својот гол.

– Она што ни беше зацртано досега успеавме да го направиме. Ја исполнивме примарната цел и дојдовме до втората фаза на овој шампионат. Сега имаме уште потешка задача бидејќи ни следуваат уште три натпревари против квалитетни секции и се надевам дека ќе одиграме подобро и ќе успееме да покажеме уште подобра игра, рече Митревски на денешниот прес.

Веќе утре следува дуел против Словенија, в петок против Русија, а в недела со Белорусија.

– На следните три натпревари немаме што да загубиме и мораме да влеземе растворени со желба за борба и докажување, додаде Митревски.

Сите натпревари од втората фаза Македонија ги игра во ист термин. Средбите почнуваат од 15:30 часот.