Магазин 18. јануари 2020. / 18:14

Мистериозна смрт: Телата на двајца туристи пронајдени крај авион кој се урнал пред 43 години

Мистериозна смрт: Телата на двајца туристи пронајдени крај авион кој се урнал пред 43 години

Двајца мртви Кинези се пронајдени на местото на авионската несреќа од 1973 година во Исланд, објави Би-Би-Си.

Исландската полиција соопшти дека маж и жена во раните 20-ти години биле пронајдени во близина на местото на несреќата во Солејмасандур.

Портпаролот на полицијата објави дека причината за смртта ќе биде откриена по обдукција на почетокот од следната недела.

Тој рече дека не се пронајдени докази дека се работи за кривично дело, додавајќи дека има знаци на замрзнување на телата.

Во 1973 година американски воен авион останал без гориво гориво и се урнал на плажа во близина на Солхајсандур.

Во несреќата немало мртви ниту повредени. Уништениот авион е сè уште на местото и стана туристичка атракција, пренесува Би-Би-Си.