Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации во рамките на подготовка на Третиот двогодишен извештај за климатски промени преку онлајн прашалник го испитуваат јавното мислење за оваа тема.
-Целта на ова ажурирано истражување е да покаже дали свеста и подготвеноста да се реагира на климатските предизвици е променета во изминативе три години, преку споредување на добиените резултати со претходните истражувања направени во 2014. и 2016 година – се наведува во соопштението за прашалникот.
Во него се додава дека анализата на резултатите би помогнла за понатамошен наменски пристап кон комуникацијата и активното учество на граѓанскиот и јавниот сектор во креирањето и преземањето на поамбициозни климатски акции и напредок на земјава во исполнување на обврските поврзани со климатските промени.