Магазин 07. декември 2020. / 12:02

Милан со најдобар старт на сезоната во последните 66 години

Милан со најдобар старт на сезоната во последните 66 години

Милан го држи лидерското место во италијанската Серија А и не мисли да го предаде на ривалите, кои зад него се пет бодови, а „росонерите“ го забележаа и најдобриот старт на сезоната во последните 66 години.

„Росонерите“ не можат да сметаат на Златан Ибрахимовиќ, кој досега постигна 10 голови, но и покрај тоа Милан игра фантастично, па фановите не паметат кога последен пат играл толку добро тимот од Милано.

Милан имал подобар старт само во сезоната 1954/55, кога запишал девет победи на првите десет натпревари во Серија А, но сезонава играат квалитетно и сигурно се надеваат на титулата, иако е рано да се зборува за такво нешто.

„Росонерите“ последната титула ја освоија во сезоната 2010/11.