Магазин 29. ноември 2020. / 18:15

Милан повтори рекорд од пред речиси 50 години

Милан повтори рекорд од пред речиси 50 години

Фудбалерите на Милан попладнево ја совладаа Фиорентина со 2:0 со головите на Алесио Ромањоли и Френк Сеси.

„Росонерите“ ја продолжија низата со постигнат гол во италијанскиот шампионат на 29 натпревари. Ова е повторување на клупскиот рекорд поставен во периодот 1972-73 година.

Во следното коло фудбалерите на Милан ќе играат против Сампдорија и ако постигнат гол на овој меч ќе постават нов рекорд.