Магазин 10. јули 2020. / 22:08

Мигрантите се враќаат назад во матичните земји

Мигрантите се враќаат назад во матичните земји

Полицијата сеуште работи на расветлување на случајот со бегството на двајцата турски државјани од државниот карантин од Скопје, откако еден од нив бил имал зголемена температура а по тестирањето во прифатниот центар Винојуг кај Гевгелија бил позитивен на ковид 19.

МВР соопшти дека завчера вечер со тие од хотел државен карантин со спуштен чаршава кој бил како импровизирано јаже ги напуштиле собите преку прозорец меѓу првиот и вториот кат.

Турските државјани не се единствените кои овие денови се фатени како вршат криумчарење мигранти. Ова недела во три одделни случаи МВР информираше дека се откриени околу 300 мигранти. 211 во камион со полуприколка на патот Богданци Гевгелија, 32 во комбе кое удри во три возила во Струмица и 50 во товарно возило кое се преврте на патот Валандово-Струмица. Градоначалникот на Струмица побара зголемени полициски контроли.

Со исклучок на повредените сите останати мигранит се преместени во Прифатниот центар Гевгелија од каде пак според нашите информации се упатуваат кон матичните земји на доброволна или присилна основа, бидејки согласно македонските закони тие се странци кои незаконски влегле во земјава а паралелно затворена е балканската рута.Во Винојуг во моментов има околу 20тина мигранти велат од ЦУК.

По отварањето на дел од европските граници значително е зголемен бројот на обидите за илегални преминувања на македонската граница и транзит низ земјава.