Македонската Информативна Агенција (МИА), повторно фатена со нов гаф – анархистите ги помеша со антихристи.
Во текст насловен „Испишани графити и фрлена свинска глава пред домот на Ненси Пилоси“, МИА движењето кое носи симбол на буквата А со круг околу истата, наместо движење на Анархисти го нарече движење на Антихристи.
Од Лидер.мк, би сакале да ги советуваме нашите колеги новинари во државната информативна агенција, да ги прегледуваат и размислуваат работите пред да бидат објавени.
Во прилог, ви приажуваме како изгледа анархистичкиот симбол, на кој новинарот од МИА сакал да укаже.