Магазин 16. декември 2020. / 09:43

Металург се враќа на домашната сцена, продолжува Супер Лигата

Металург се враќа на домашната сцена, продолжува Супер Лигата

Ракометарите на Металург вчера завршија со карантинот и денеска веднаш се враќаат на натпревари на домашна сцена. Ги очекува пресметка од Супер машката лига против состаот на Бутел Скопје, а овој натпревар се игра на теренот на Бутел.

Овој дуел е од 19 часот, а еден час подоцна почнува последниот натпревар за есенскиот дел од сезоната од Супер женската лига. Во истиот актери се девојките од тимовите на Спартак и Пелистер.

Денеска на терен ќе се најдат и неколку интернационалци од Македонија.

Според распоредот за одигрување на натпревари денеска активни ќе бидат Кире Лазаров со Нант, Мартин Томовски со Лудвигсхафен, Дарко Димитриевски со Синфин… Ќе биде доста активно, а денеска има и голем број на натпревари така што листата е исполнета.