Жоан Лапорта смета дека е главен кандидат за носител на претседателската функција во фудбалскиот клуб Барселона.
Тој беше на чело на клубот и претходно, кога Каталонците беа долго време најдобар тим во Шпанија и Европа.
Од утрово трае гласањето, а Лапорта е убеден дека тој на крајот ќе ја добие честа повторно да ја води Барселона. Исто така, вети дека ќе остане Лионел Меси, а со денешната изјава пак ги фрли во транс сите навивачи.
– Реал Мадрид не ја освои Лигата на шампиони, кога бев претседател на Барселона. Оваа екипа од 2015 година нема трофеј во тоа натпреварување. Се надевам дека ќе ја промениме таа ситуација и ќе го вратиме времето, кога го освојувавме ние трофејот, а не Реал Мадрид, истакна Лапорта.