Магазин 29. март 2019. / 21:40

Меси: Ми недостасува Кристијано Роналдо

Меси: Ми недостасува Кристијано Роналдо

Лионел Меси призна дека му недостасува натпреварувањето со Кристијано Роналдо во Ла Лига и потврди дека планира да се врати во Аргентина пред да се пензионира.

-Ми недостасува Кристијано во Шпанија. Убаво беше што играше овде, иако ме нервираше кога го гледав како освојува толку многу титули. Ќе беше супер ако се уште беше овде“- коментираше Меси.

Потоа Меси се осврна на репрезентацијата на Аргентина, но и на неговата клупска кариера пред пензионирањето.

-Мора да бидеме трпеливи во репрезентацијата а јас не се сомневам дека ќе бидеме силни во иднинa- заклучи Меси.