Рускиот патријарх Кирил препорача по завршување на литургиите да не се бакнува крстот, како и да се воведат строги санитарни правила во црквите, пренесува ТАСС. Како одговор на ширењето на корона вирусот се воведува и построг хигиенски режим при крштевки и причесни.
Свештениците ќе треба да носат заштитни ракавици кога ќе подаваат нафора и вода со вино за причесни, а виното ќе треба да се отпивнува од пластични чаши за еднократна употреба. Усните на верниците ќе се бришат со хартиени салфетки, а не со пешкири.
Крстот нема да се подава за целување, туку ќе се допира до главата на верниците. Нема да се целуваат и рацете на свештениците. Иконите ќе се бришат со средства за дезинфекција.