Капитенот на англискиот великан Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, кој беше осуден на 21 месец затвор условно во следните три години поради учесто во тепачка, напад на униформирани лица и обида за поткуп на полицајци, првпат проговори за хоророт кој му се случи на Миконос за време на одморот.
Мегваер беше уапсен пред неколку дена поради тепачка, за која се испостави дека е откако Албанци ја нападнале неговата сестра, па и инјектирале нешто од која таа се онесвестила, а кога дошла полицијата Мегваер ги нападнал и полицајците, за со лисици да биде приведен. На крајот им нудел поткуп, според сведочењето на униформираните лица, за да го пуштат.
Поради сето ова, тој е исфрлен од англиската репрезентација за двата меча на стартот на Лигата на нации со Исланд и Данска, а сега порача дека жали што предизвикал непријатности за клубот и н навивачите на Манчестер јунајтед, но објави дека првпат се уплашил за својот живот во хорор-ноќта на познатиот грчки остров.
Јас сум убеден дека на крај вистината ќе излезе на виделина. Не должам никому извинување, зашто ако се извинм значи дека сум направил нешто лошо и погрешно. Јас само жалам за ситуацијата која се случи и очигледно е дека ова беше една тешка ситуација, зашто јас играм во еден од најголемите светски клубови, па жал ми е што клубот и навивачите ги ставив во лоша ситуација. Првпат се уплашив за својот живот, зашто првиот впечаток ми беше дека ќе ме киднапираат. Не клекнаа на колена со рацете во воздух и потоа само почнаа да не удираат како животни. Не удираа по нозете, а уште и викаа дека мојата кариера е готова, дека завршив со фудбалот, дека нема повеќе да играм…“, се исповеда Мегваер за „Би-Би-Си“.
Тој обвиненијата дека нудел мито ги очени како глупости, а тоа што посебно го истакна, кога дошле полицајците тој не ги ни препознал, зашто мислел дека се киднапери, а не полицајци.
Јас кога ги погледнав, не ми личеа на полицајци. Прво тоа го помислив, нема шанса да се полицајци. Мислев дека се киднапери. Не знаев кои се и се обидов да избегам, зашто се плашев за животот. Јас после ова не ја мразам Грција, напротив многу ми се допаѓа, а ова можеше да се случи насекаде низ светот. Сето ова беше ужасно, не му го посакувам на никого. Првпат бев во затвор и не сакам повторно“, додаде Мегваер. Централниот дефанзивец дојде во Манчестер јунајтед ланското лето за светски рекорден трансфер за еден стопер од 90 милиони евра.