Магазин 29. февруари 2020. / 18:00

Меган Маркл: Третманот што го добиваме од кралското семејство е поради тоа што сакаме да бидеме независни

Меган Маркл: Третманот што го добиваме од кралското семејство е поради тоа што сакаме да бидеме независни

Меган Маркл верува дека правилата кои им ги наметнува британското кралско семејство се казна за неа и за нејзиниот сопруг, принцот Хари, поради тоа што сакаат да бидат независни, изјавиле нејзините пријатели за „Daily Mail“.

Меган им се пожалила на своите пријатели минатата недела, откако кралицата Елизабета им забрани на неа и на Хари да го користат терминот „кралски“ во своите брендови.

Парот подоцна објави необично соопштение во кое се жали дека палатата ги третира поразлично од сите други членови на кралското семејство.

Меган кажа дека таа и Хари немале избор освен да излезат со јавно соопштување. Таа укажа дека доколку некој треба да се чувствува навредено, тогаш тоа се тие двајца. Тие никогаш немаа намера да добијат некаква корист од употребата на терминот „кралски“, а индикациите дека тие го злоупотребуваат тоа и своите привилегии се апсурдни – објаснил некој нејзин пријател.

Меган исто така верува дека кралицата била под притисок да донесе такви рестрикции на употребата на тој термин затоа што Хари е нејзиниот „миленик“, а другите тоа не можат да го поднесат.

Меган исто така им се пожалила на пријателите дека не постои правна забрана која неа и на Хари им забранува да го користат тој термин, пренесуваат од „Daily Mail“.

Меган навела дека причината поради која таа и Хари направиле свој сајт „Сасекс ројал“, на прво место било тоа што е транспарентно. Тоа што било напишано таму, било напишано внимателно и никако не било приговор кон кралицата.

Меган вели дека со Хари ќе продолжат да се воздигнуваат над љубомората и ситничарењето и дека ќе се фокусираат на доброто кое што го создаваат и ќе станат што подобри родители на својот син Арчи. Таа исто така кажа дека ќе продолжи да го поддржува Хари затоа што тој има најмногу интегритет и лојалност од сите останати!