Магазин 31. јули 2020. / 12:12

Меган Маркл ја изгуби судската битка со таблоидот: Ќе мора да плати 87.000 долари оштета

Меган Маркл ја изгуби судската битка со таблоидот: Ќе мора да плати 87.000 долари оштета

Меган Маркл ќе мора да му плати 87.000 долари отштета на „Mail on Sunday“ за судските трошоци од спорот во мај, во текот на кој судот отфрли дел од нејзината тужба против таблоидот.

Портпаролот на Меган потврдил дека таа ќе го плати износот на правните трошоци.

Маркл го тужеше „Mail on Sunday“ за објавување извадоци од приватното писмо што таа му го испратила на нејзиниот татко Томас и дека притоа изоставиле некои делови.

Судот го отфрлил тврдењето дека весникот се однесувал некоректно изоставувајќи ги тие делови, како и тврдењето дека весникот на тој начин ги нарушил односите меѓу Меган и нејзиниот татко.

Исто така Меган ги тужеше за злоупотреба на приватни податоци, кршење на авторските права и кршење на Законот за заштита на податоците.

Иако судијата не ја отфрла тужбата поради кршењето на приватноста и авторските права, ние сме изненадени, бидејќи нечесното однесување го нарекоа ирелевантно за случајот – изјави правниот портпарол на војвотката по сослушувањето во мај.