Магазин 22. ноември 2019. / 11:49

Меган Маркл е бремена по втор пат, сите велат ја издал еден детаљ

Меган Маркл е бремена по втор пат, сите велат ја издал еден детаљ

Меган Маркл седум месеци откако го роди синот Арчи, повторно е бремена. Како што пишуваат британските медиуми, таа и принцот Хари овој пат чекаат девојче.

Гласините за ова тргнаа откако Меган на почетокот на овој месец е снимена во јавност како се држи за стомакот, а тоа често го правеше во бременоста со синот Арчи, па јавноста заклучи дека тоа може да значи само едно.

Според пишувањето на американскиот магазин „Ок!“, Меган е бремена околу четири месеци и чека девојче. Покрај ова магазинот тврди дека британската Кралица веста ја дочекала со воодушевување и дека е пресреќна што кралското семејство ќе биде побогато за нов член.

Меган и Хари се наводно пресреќни.

– Отсекогаш зборуваа дека би сакале да имаат две деца со мала разлика во годините. Кога Меган дозна дека чека второ дете, само неколку месеви откако го роди Арчи, таа и Хари беа надвор од себе од среќа. Хари веќе го одбра името Дијана по неговата покојна мајка. Меган со тоа во потполност се согласува бидејќи знае колку таа му значела, изјави анонимен извор за „Њу Идеа“.