Магазин 17. јануари 2020. / 18:46

Меган Маркл добила понуда за работа од „Јупорн“

Меган Маркл добила понуда за работа од „Јупорн“

По одлуката на Меган Маркл и на принцот Хари да живеат подалеку од Велика Британија и нивните задолженија во кралското семејство, Војвотката од Сасекс добива разни понуди за работа.

Една од нив, што привлекува најголемо внимание на јавноста, е таа што Меган ја доби од платформата за порниграфска содржина „Јупорн“ (YouPorn). Сепак, не станува збор за понуда поранешната актерка да се врати пред камерите, туку да ја добие функцијата на директорка на специјални иницијативи на компанијата, што во пракса ќе значи дека Меган ќе има задолженија во добротврони цели.

Меѓу задолженијата што ќе ги има на оваа позиција, Војвотката ќе треба да оформи и да предводи повеќе дициплинарен комитет, којшто ќе и помага да почне и да спроведува иницијативи за солидарност што компанијата планира да ги промовира во блиска иднина.

Во писмото што го испратиле до Меган, од „Јупорн“ ја истакнале нејзината способност да пронаоѓа креативни решенија на секој проблем и иноваторски пристап кон делување за подбра иднина, квалитети поради коишто директорите на компанијата сметаат дека токму таа е најадекватната личност за позицијата. Истовремено, тие сметаат дека Меган нема да има проблеми да ги надмине предрасудите што се причина многу добротворни организации да не сакаат да соработуваат со оваа компанија.