Mеган Маркл и принцот Хари се оградија од книгата „Пронаоѓање на слободата“ на Омид Скобиеј и Каролин Дуранд, која треба да излезе во август. Тие велат дека не дале никакво интервју за нивната биографија и дека никој не ги контактирал.
Војводата и војвотката од Сасекс не се интервјуирани и не дале придонес за книгата „Пронаоѓање на слободата“. Оваа книга се темели на сопствените искуства на авторите како членови на кралската служба за медиуми и сопственото независно известување – изјавил портпаролот на парот.
Од друга страна, авторите на книгата велат дека информациите им ги дале пријателите на Меган и Хари и дека се вистинити.

Според пишувањето на Дејли мејл, Меган и Хари биле љубоморни на принцот Вилијам и на Кејт Мидлтон бидејќи нивните проекти секогаш биле поважни.
Војводата и војвотката од Сасекс секогаш биле ставани во втор план бидејќи наводно остатокот на кралското семејство стравувал дека ќе станат попопуларни од сите, па дури и од кралицата Елизабета.
Покрај тоа, некои од вработените ја дискриминирале Меган поради бојата на кожата.
Дејли мејл тврди и дека Хари сакал итно да разговара со неговата баба, кралицата Елизабета Втора минатиот Божиќ за проблемите со него и со неговата сопруга. Поради тоа допатувал со авион од Канада. Но дел од вработените, таканаречените „мажи во сиви одела“ ја оневозможиле средбата со неа и му рекле дека може да ја види дури на 29 јануари.

После сето тоа Хари се чувствувал незаштитен од страна на неговото семејство. Верувал дека одредени членови од персоналот, кои подолго време биле вработени во служба на кралското семејство им го отежнуваат животот нему и на неговата сопруга.
Истото мислење го имал и за Кејт Мидлтон, која наводно по објавувањето на веридбата не сакала ни да ја погледне Меган.
Ни принцот Вилијам не го поддржал помалиот брат. Хари на настаните се чувствувал како да не постои бидејќи Вилијам го игнорирал.