Магазин 16. јули 2020. / 10:39

„Матица македонска “ објави ново издание на „Разговори со Конески“ од Цане Андреевски

„Матица македонска “ објави ново издание на „Разговори со Конески“ од Цане Андреевски

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат ново издание од книгата „Разговори со Конески“. Нив писателот Цане Андреевски ги водел од 1985 до 1990 година.

На страниците од ова дело големиот македонски поет и кодификатор на македонскиот литературен јазик говори за суштествени теми од нашата национална и книжевна традиција, како и за современите процеси во втората половина на 20 век.

Според Цане Андреевски, овие разговори со Конески, една од меѓните културно-национални личности на современата македонска историја, во еден следствен опфат нудат извонредни страници на откривање, на провокација, на естетска наслада, на љубопитна рецензија, на мноштво лични опсервации и сведоштва кои што веќе и во историска смисла се неопходни како приопштување и како дополна на огромниот книжевен, научен и животен опит на самиот Конески, соопшти издавачот.