Магазин 06. август 2020. / 12:02

„Матица“ ја објави поетската книга „Светли и темни ѕвезди на душата“ од Јован Стезовски

„Матица“ ја објави поетската книга „Светли и темни ѕвезди на душата“ од Јован Стезовски

Доајенот на современата македонска литература, Јован Стрезовски ја објави својата нова поетска книга насловена „Светли и темни ѕвезди во душата“. На страниците од своето тематски возбудливо дело, познатиот писател, како редок книжевен мудрец ги опева животот и смртта, љубовта и тагата, надежта и болката, притоа градејќи систем на високи естетски вредности. Издавач на поетската книга е Книгоиздателството „Панили“ од Скопје.

Јован Стрезовски (Подгорци, 1931) во изминатите шест децени творечка дејност создаде богат книжевен опус. Автор е на петнаесет прозни дела и на дванаесет поетски книги, високо вреднувани од критиката и наградувани со национални и меѓународни признанија. Негови книги се преведени на повеќе странски јазици, а според роман „Вода“ е снимен антологискиот филм „Време, води“ во режија на Бранко Гапо.