Магазин 03. март 2021. / 21:44

Марко Стојчески, новиот играч на Телеоптик, на чекор до младата репрезентација на Македонија

Марко Стојчески, новиот играч на Телеоптик, на чекор до младата репрезентација на Македонија

Марко Стојчески, поранешниот играч на Тетекс, Македонија ЃП., Вардар и Работнички, од зимава својата млада и успешна кариера ја продолжува во српскиот тим Телеоптик.

Познато е дека овој клуб е филијала на големиот клуб Партизан и дека Стојчески од сега натаму ќе биде под будно око на сите фудбалски авторитети во Србија.

Младиот играч од Македонија, кој има 20-години, досега прикажа игри кои ги задоволија првите луѓе во клубот од Србија.

Стојчески има 2 официјални настапи и четири пријателски средби за У18 репрезентацијата. Со Телеоптик, тој одигра на неколку средби во подготовките против Партизан, Звездара и Сремска Митровица. Доби извонредна минутажа, и стреми кон првиот тим.